17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Демонстрации во Скопје поради “затворањето” на Груевски

Група на Фејсбук, за поддршка на Николка Груевски, со повик до членството на ВМРО-ДПМНЕ, симпатизерите и сите граѓани, кои, како што се наведува, неможат да ја трпат неправдата кон Никола Груевски, в среда да излезат на мирен протест пред Основниот суд Скопје 1.

„Цела Македонија е сведок на неправдата која се врши врз поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски. Експресните постапки со скратени рокови имаат за цел единствено ставање во затвор на Никола Груевски.

За таа цел се повикуваат сите граѓани на Република Македонија на ден 07.11.2018 година (среда) со почеток во 19 часот на МИРЕН ГРАЃАНСКИ ПРОТЕСТ ЗА ПРАВДА ЗА НИКОЛА ГРУЕВСКИ пред зградата на Основниот суд Скопје 1!

Кога неправдата е на сила, непокорот е единствениот пат до правдата!“ се наведува во повикот на Фејсбук.