17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Дали Никола Груевски побарал потврда дека е член на Kомисијата за уставни прашања?

Пратеникот Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ барал потврда дека е член на Kомисијата за уставни прашања. Тој го доставил барањето адресирано до претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Во барањето не е наведено за која цел се бара потврдата, но Џафери вели немал причина да не му ја издаде потврдата.

Адвокатите на експремиерот Никола Груевски, осуден на двегодишна затворска казна, вчера поднеле жалба до Кривичниот совет за одложување на издржувањето на казната. Претходно одбраната на Груевски по одлуката на Апелацискиот суд со која се потврди одлуката на кривичниот суд, поднесе жалба за одложување на затворската казна, која беше одбиена од страна на судијата одреден за извршување на санкција.