14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ако на Митровден падне снег зимата ќе биде остра и ќе трае до април

Православните верници во четврток, 8-ми ноември, го слават денот на Светиот великомаченик Димитриј, во народот познат како Митровден.

Празникот е посветен на антички командант од Солун кој страдал поради ширење на христијанството.

По бројот на оние кои го слават, Митровден е една од најголемите слави.

Според народните верувања, во пресрет на Митровден секој треба да е во својата куќа, бидејќи ако тогаш не биде дома, преку цела година ќе ноќева по туѓи куќи.

Овој ден е познат, како што се верувало, и по тоа што ајдуците тогаш се разделувале за некаде да ја презимат зимата и повторно се состанувале на Ѓурѓовден наредната година.

Според временските прилики на Митровден традиционално се предвидува каква ќе биде зимата: ако на Митровден падне снег или има мраз, зимата ќе биде остра и ќе потрае до април.

Убавото време на митровден е знак дека зимата ќе биде остра, а облачен ден најавува блага и топла зима.