24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тројца мртви, петмина повредени при напад на јога студио во Флорида

Три лица се мртви, а петмина се повредени при напад на студио за јога во трговски центар во главниот град на Флорида. Вооружениот напаѓач убил двајца и рани пет лица во студио за јога во трговски центар во главниот град на Флорида, пред да се самоубие.

Шефот на полицијата Мајкл Де Лео изјави дека неидентификуван напаѓач, кој бил сам, влегол во студиото и почнал да пука, а откако повредил петмина, фатално се застрелал.

Полицијата подоцна го идентификуваше напаѓачот како Скот Паул Бејерл (40), а како жртви во инцидентот се идентификувани и д-р Нанси Ван Весем (61) и Маура Бинкли (21).

Претседателот на државниот универзитет во Флорида, Џон Трашер, рече дека Ван Весем и Бинкли биле дел од унивезитетот. ,,Катастрофално е да се загуби еден од нашите студенти и еден од нашите членови на факултетот на ваков трагичен и насилен начин”. Тој изрази сочуство до семејствата на загинатите и им посака брзо опоравување на повредените.

Де Лео рече дека полицијата бара очевидци кои забележале нешто необично пред да се случи инцидентот. Тој рече дека напаѓачот делувал сам и властите ги испитуваат можните мотиви. Тој одби да каже со каков пиштол пукал напаѓачот.

,,Сите сме многу тажни и шокирани од настаните што се случија”, рече Де Лео.

Мелиса Хатчинсон рече дека му помогнала на човек кој бил ранет и многу крварел и се упатил кон барот по пукањето. Таа вели дека забележала како три лица бегаат од студиото предупредувајќи дека внатре има вооружен маж.