10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пакистан: Убиен таткото на талибанците

Исламскиот клерик Маулана Самиул Хак, во Пакистан познат татко на талибанците, е убиен со нож во неговата куќа во Равалпинди, изјавил син му Хамидул Хак.

Портпаролот на убиениот клерик, Јусеф Шах, изјавил дека идентитетот на напаѓачот и неговиот мотив за убиството сè уште не се познати, пренесе АП.

Хак бил познат како водач на фракција на пакистанските талибанци со име „Исламска партија Џамијет-е-улема“. Тој во близина на границата со Авганистан формирал познат семинар „Хакани“, каде што биле образовани десетина авганистански лидери.

Полицијата спроведе истрага за убиството.