10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган: Наредбата за убиството на Кашоги од највисок ранг

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, за убиството на новинарот Џамал Кашоги, директно ги обвини саудиските власти. Тој изјави дека наредбата за убиството на новинарот Џамал Кашоги стигнала од највисоко ниво на Саудиска Арабија.

Тој за „Вашингтон пост“ додал дека ниту за секунда не поверувал дека кралот Салман го наредил убиството.

Ердоган предупредил декадолгогодишното пријателство меѓу Анкара и Ријад не значи дека Турција ќе го игнорира ова планирано убиство на своја територија.

„Никој повеќе да не осмели да изврши такво злосторство на територија на сојузник на НАТО, инаку ќе има многу сериозни последици“, предупреди Ердоган.