11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Голема промена во даночната политика на Македонија: Конечно оданочувањето ќе биде праведно – богатите ќе плаќаат повеќе

Министерот за финансии Драган Тевдовски и официјално денеска ги соопшти новитетите кои Владата ги воведува во даночниот систем.

Зборувајќи за тоа дека главна цел на владата на РМ е еднаква шанса и можности за подобар живот за сите граѓани, и социјалната нееднаквост според која Македонија е на прво место во Европа, Тевдовски кажа дека се воведува фер даночен систем за социјална сигурност наместо социјална нееднаквост.

Тевдовски најави дека ќе се воведе прогресивен данок кој ќе се однесува за примања поголеми од 90 илјади денари а со него се предлага воведување дополнителна стапка од 8 процени за доходот кој надминува 90 илјади денари месечно.

Според кажаното од првиот финансиер се воведува дополнителна стапка од 8 проценти за дохот кој надминува 90 илјади денари месечно.

„Дополнителните 8 проценти би се плаќале само на дополнителни доходи над 90 илјади денари. Ова значи дека за мнозинството граѓани даночната стапка ќе остане 10 проценти. Прагот од 90 илајди денари го избравме бидејќи ги опфаќа најдоходовните 1 проценти од вкупното население“-кажа Тевдовски.

Тој меѓудругото дополни дека ќе има зголемување и на даночното ослободување на платите и пензиите, односно делот на кој не се плаќа данок, на 8 илјади денари месечно, при што, како што посочи така би се намалила ефективната даночна стапка за лицата кои остваруваат доход од плати и пензии а со таа реформа како што беше потенцирано, МФ очекува да се обезбедат 25 милиони евра кои што ќе биле искористени за борба против сиромаштијата.