16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Отворена истрага против штипјанец за неовластено производство и продажба на марихуана

Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Според информациите од МВР, при претрес во домот на осомничениот биле пронајдени речиси три килограми наркотична дрога марихуана, која неовластено ја произведувал и продавал.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Спонзорирано: