24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Данев нема да биде координатор на новата пратеничка група

Драган Данев, координаторoт на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ најверојатно, нема да биде координатор на новата пратеничка група, за која има интенција да се формира наместо досегашните 10 пратенички групи.

Ова следува откако осуммина пратеници од партијата и коалицијата беа исклучени.

„Имаме коректни односи со пратениците од новата пратеничка група. Ќе оставиме да видиме што ќе биде“, рече Данев прашан дали се во комуникација со осумте пратеници.

Тој вели дека остануваат конзистентни на ставот за уставните измени, а тоа е дека нема да ги поддржат.