14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Штабот на ВМРО ДПМНЕ се продава – За колку пари може да ја купите зградата на ДПМНЕ?

Претседателот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за  МКД вели дека во контекст на рационализација на трошоците во партијата размуслуваат и за продажба на зградата, во јавноста позната и како Бела палата.

– Размислуваме за рационализација на трошоците во партијата. Ако имаме соодветна понуда, објектот на штабот на партијата би го продале или би го изнајмувале доколку има соодветна понуда. Сега правиме еден вид на скенирање на пазарот, па ќе видиме, вели Мицкоски во интервјуто за порталот.