17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Нема струја на Закинтос, народот е по улиците, се јавува за штети – Силен земјотрес од 6.8 степени во Грција

Силниот земјотрес, кој според геолошкиот институт на USGS бил 6,9 степени, според ЕМСЦ 6.8 степени според рихтер го стресе Јонското Море, во Грција.

Земјотресот се почувствува во Македонија и Албанија. Потресот бил почуствуван дури во Атина.

Според медиуми во Грција, снабдувањето со електрична енергија на островот е прекинато, има материјални штети, жителите излегоа на улиците.

Засега нема јасни информации за евентуално повредени лица.

Како што претходно објавивме три силни земјотреси од кои едниот од 6.9 степени според Рихтер ја погоди Грција, а истиот беше почуствуван и во јужните делови на Македонија.