24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Пилоти откриваат кои се работите што никогаш не би им ги признале на патниците за време на летот

Група пилоти во интересна конверзација со корисници на интернет откриле кои се работите што никогаш не би ги признале пред патниците.

Така еден од нив признал дека понекогаш е тешко да го пронајде аеродромот со толку многу градски светла во мракот. Сепак, како што рекол, тоа никогаш не би го открил пред неговите патници.

Уште неколку пилоти откриле дека на патниците никогаш не би им објасниле детално колку се всушност опасни турбуленциите. Пилотот Рон Вагнер рекол дека воздушните турбуленции може сериозно да влијаат врз летот и поради тоа советувал патниците секогаш да ги врзуваат појасите.

„На тој начин ќе бидете заштитени дури и доколку не е во прашање некој посериозен проблем. Често се случувало при умерени турбуленции патниците да се превртат од столчето и тогаш доаѓа до скршеници, на раце, на ребра итн“, објаснил тој.

Неговиот колега Ден Ларсен ги потврдил ваквите искази и рекол дека опасноста демне каде што најмалку се очекува бидејќи турбуленции можат да се случат во секое време, без никакво предупредување.

Версиј Лин, пилот во компанијата „Ер Чајна“, признал дека на патниците не би им соопштил доколу добие дојава дека во авионот постои закана за бомба или терористички напад.

Од друга страна, Енди Кер никогаш не би им открил на патниците во каков авион летаат.

„Како можам да им кажам дека авионот е направен во 1968 година? Патниците веднаш ќе почнат да го споредуваат со перфомансите на автомобилите од истата година“, кажал тој.

Спонзорирано: