22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Зоран Заев ги погазија демократијата и правдата во Република Македонија

„Зоран Заев и неговите 80 очајници не добија мандат на избори да го менуваат Уставот, да го бришат името Република Македонија и да го менуваат идентитетот“, се вели во денешното соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозицијата додаваат дека СДСМ и Зоран Заев ги погазиле и демократијата и правдата во земјава, а немале ниту смелост да се соочат со волјата на граѓаните која беше јасно искажана на референдумот, се наведува во партиското соопштение и се додава дека „Заев посегнал кон силување на институциите, државата и волјата на сопствениот народ“.

„Јавноста ја виде позадината на политичкиот прогон преку СЈО и обвинението за настаните од 27 април. Монтирани обвиненија против пратеници кои подоцна ги искористија како уцени за добивање на двотретинско со цел менување на уставното име на Република Македонија и спроведување на договорот од Преспа. СДСМ со нивните насилнички и недемократски методи побараа и добија поддршка од истите пратеници за кои викаа дека се најголемо зло и им посакуваа се најлошо да им се случи“, стои во соопштението.

Силувањето на демократијата во Македонија од страна на власта само повеќе ќе го поларизира општеството, а недемократското однесување на Заев ќе создава поголем гнев кај македонскиот народ кој јасно порача дека е против менување на името на државата, против менување на личните исправи и против менување на историјата, традицијата и културата, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: