22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

За еден ден 10 сообраќајни несреќи во Скопје

Во текот на изминатот ден во Скопје се случиле вкупно 10 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, пет сообраќaјни незгоди со телесни повреди и три со материјална штета.

Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и шест лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 31 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 20 возачи од кои: пет возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 12 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 19 возила бидејќи 15 биле нерегистрирани, три возила биле технички неисправни и едно поради претовар. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца поради неправилно престројување, осум возачи поради неправилно престигнување и двајца возачи поради неносење заштитен шлем (кацига).

Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци затоа што поминале коловоз на црвено светло.

Во текот на изминатиот ден издадени се 82 мандатни платни налози и 52 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

Спонзорирано: