17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Политичката ситуација во Македонија, главна тема и во соседните медиуми

„Судбината на Македонија „виси” на девет гласови“, „Собранието без потврда на уставните измени, денеска продолжува собраниската седница“, „Бурна расправа во Собранието за уставните измени“, се само дел од насловите кои кружат во медиумите во соседството.

Собранието денеска ја продолжува седницата на чии дневен ред е прелогот на Владата за започнување на постапката за уставни измени кои вклучуваат промена на името на Македонија, пишуваат и српските медиуми.

„Пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата вчера се обидоа да се убедат меѓусебно зошто одредбите од Преспанскиот договор со Грција се прифатливи или зошто се во спротивност со интересите на македонскиот народ и државата. Договорот со Грција предвидува промена на името на државата во Република Северна Македонија, на која се спротивставува опозицијата“, пишува српски Блиц.

Порталот забележува дека на седницата присуствувал и македонскиот премиер, Зоран Заев, но и поранешниот премиер и поранешен лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

За промена на Уставот, со кој би се потврдила и промената на името на земјата, во Собранието е потребно дво-третинско мнозинство од 80 гласови на пратеници во Собранието, владејачката коалиција предводена од социјалдемократите и премеирот Заев има 71 пратеник, пишува Блиц.

„Според Преспанскиот договор, потпишан помеѓу Македонија и Грција, поранешната Југословенска република треба да се нарекува Република Северна Македонија. Парламентот има рок од десет дена да го потврди или одбие овој договор“, се вели пак во написот на РТС.