21.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Јанушев: Заев да им се извини на семејствата, бараме ново обвинителство

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на прес-конференција рече дека ВМРО-ДПМНЕ, говорот го Заев го смета како понуда за амнестија.

„За да има амнестија, треба сите да бидат виновни, a никој не е виновен додека не се докаже спротивното. Да претпоставуваме, без никоја од инстуциите да излезе со реакција значи дека тие се продолжена рака на Заев“, рече Јанушев.

Во врска со гласањето за уставните измени во Собранието, Јанушев посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е во координација со сите пратеници, а ставот на ВМРО-ДПМНЕ е познат уште по завршувањето на референдумот.

Запрашан дали ја отфрлаат понудата на Заев за амнестија на пратениците во замена за тоа да гласаат за уставни измени, тој рече дека станува збор за правда, а не за амнестија и уште еднаш повтори дека се работи за монтиран и политички фабрикуван случај.

Тој побара од Заев да им се извини на семејствата кои се, како што рече, под политички прогон режиран од Заев и власта. Јанушев порача дека е потребна нова обвинителска институција што ќе ги истражи сите случаи каде има сомнеж за нарушување на законот.

Премиерот Зоран Заев претходно денеска од собраниската говорница, повика на помирување за настаните од 27 април.

Спонзорирано: