Непознат маскиран сторител извршил разбојништво во спортска обложувалница во Гостивар.
Сторителот, како што информираат од полицијата, со закана со пиштол од вработениот одзел торба во која имало околу 140 000 денари, по што побегнал. Кражбата се случила вчера во утринските часови.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.