14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Црногорските лекари се осигуруваат од грешки

Синдикатот на докторите на медицина на Црна Гора (СДМЦГ) од наредниот месец ќе им понуди на црногорските лекари, кои се членки на Синдикатот, да се осигураат од лекарски грешки.

Претседателката на организацијата, Милена Поповиќ-Самарџиќ, вели дека во тек е кампања за информирање на лекарите за тоа што е лекарска грешка, кои се последиците од неа и кого може да го погодат.

„Се надеваме дека до крајот на октомври ќе успееме да формираме цела база на членови и сметаме дека до крајот на месецот ќе следува потпишување на полисите за осигирување од лекарска грешка“, вели таа.