17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Алкохолот им помага на луѓето полесно да зборуваат странски јазици

Резултатите од една неодамнешна студија потврдија дека алкохолот го подобрува познавањето странски јазик.

Истражувачи од Велика Британија и Холандија годинава спроведоа двојазичен пиво-фест во Данска, при што учесниците што го изучувале данскиот јазик добиле исто количество алкохолни и безалкохолни пива.

Потоа тие добиле можност да зборуваат на дански, а оние што малку се напиле се покажале како подобри познавачи на јазикот и акцентот.

Сепак, доктор Фрик Ренер, еден од авторите на студијата, вели дека прекумерните количини алкохол ќе ве однесат на друг крај, така што нема да бидете добри ни во мајчиниот, а камоли во некој друг странски јазик.

Објаснувањето лежи во фактот дека мали количини алкохол помагаат да се ослободиме од вознемиреност и страв поради што сме слободни да се изразиме себеси без да размислуваме премногу за тоа како ќе ја сврземе реченицата.

Според истражувачите, од едно до две пива се сосема доволни за тоа.