20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германија предлага нов совет за безбедност на ЕУ

Министерот за надворешни работи на Германија даде предлог за формирање на безбедносен совет на Европската Унија со цел подобрено и навремено решавање на меѓународните кризи.

„Во ваков формат, со помала група земји-членки, можеме побрзо и поефективно да се справиме со актуелните кризи,“ изјави Хаико Мас на конференцијата за безбедносна политика при Федералната Академија.

Шефот на германската дипломатија вели дека 27те земји-членки на ЕУ треба да го променат системот на гласање од „едногласно“ во гласање од квалификувано мнозинство кога станува збор за прашањата за надворешна политика и на тој начин да се забрза процесот и ефективноста на дејствувањето.

„Ваквите институции не можат да носат одлуки ако го променат системот на едногласност,“ вели Мас.

Во јуни оваа година, Германија и Франција ги повикаа земјите од Европа на дебата за дискутирање на нови и поефективни формати за решавање на прашањата за надворешна и безбедносна политика.

Лидерите од земјите-членки на ЕУ ќе се сретнат на самит во Брисел кој ќе се одржува од 17-18 октомври, каде ќе зборуваат за актуелните предлози за безбедноста на Унијата.

Спонзорирано: