24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Уште еден удар за Јанкуловска: Таа не смее да го прави ова се додека не оди во затвор

Ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска не смее да го напушти Скопје до правосилност на пресудата. Ваквата одлука донесе кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1, кој денеска ја осуди Јанкулоска на 6 години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување при набавката на луксузниот владин ,,мерцедес”.

Советот го усвои предлогот на обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи за дополнителна мерка за претпазливост за Јанкулоска која не смее да го напушти живеалиштето. Мерката ќе важи од правосилноста на решението до правосилноста на казната.

Јанкулоска е осудена за злоупотреба на службена должност и овластување, односно дека го поттикнала помошник-министерот во МВР, Ѓоко Поповски да изврши кривично дело.На ексминистерката ѝ се судеше во раздвоена постапка во предметот „Тенк“, бидејќи имаше ризична бременост. Случајот „Тенк“ на СЈО е за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.

Поранешниот премиер Никола Груевски за овој случај веќе е осуден на две години ефективна затворска казна, а помошникот во министерството Ѓоко Поповски доби намалување од шест и пол на четири и пол години казна затвор на скопска Апелација.

Јанкулоска во завршните зборови побара ослободителна пресуда со образложение дека немала намера никому да влијае и да врши притисок.

Спонзорирано: