16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Стоилковски: Потребен е избор на нов јавен обвинител по предлог на опозицијата

Јавното обвинителство мора да почне да си ја врши функцијата за којашто е овластено, а тоа е гонење на криминалот, апелираше денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„За денот на гласањето посочивме на низа нерегуларности, аргументирано и со докази за кршење на молкот, лажно претставување, злоупотреба на телефонски броеви, повикувачки центри на СДСМ, потоа основано сомнение за полнење кутии, лажирање резултати, насилство врз набљудувачи, а од него, од ЈО Јовески – ниту глас! ВМРО-ДПМНЕ постојано поднесува кривични пријави за кривични дела против изборите, за кои ЈО треба само по службена должност, екс официо, веднаш сами да отворат истрага“, изјави Стоилковски потенцирајќи дека јавниот обвинител го нема.

Јовески имаше две недели откако беше поднесена кривична пријава против Зоран Заев за поткуп и поттикнување поткуп во изборни цели, со докази коишто сите ги видоа, искажани лично од Заев на јавна сцена, на трибина во Крива Паланка, со јасна порака и мотивација за поткуп на избирачко право, вели Стоилковски и додава дека истата била поднесена во септември, но како што наведе на денешната прес-конфренција, од страна на јавното обвинителство и покрај тоа што како партија побарале да бидат известени за преземени постапки, не биле информирани.

„Сите нерегуларности во врска со референдумот, сите индиции за криминални изборни дејства мора да бидат истражени. Но, за тоа е потребен избор на нов јавен обвинител по предлог на опозицијата. Треба брза смена на републичкиот јавен обвинител. Криминални избори не смеат да се повторуваат, сторителите на вакви криминални однесувања да бидат изведени пред лицето на правдата. Ако тоа не се случи, повторно ќе ни се случуваат криминални избори. Тоа можеби се европски вредности за власта, но не и за Република Македонија“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: