24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и СДСМ се делегитимирани, волјата на народот мора да се почитува

Зоран Заев и СДСМ се делегитимирани, велат од ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение, во кое додаваат дека Македонија вчера соопштила дека договорот со Грција не поминува.

„Неуспехот на овој референдум е директна вина на Зоран Заев и Владата и никој друг. Склучи штетен договор, ја лажеше меѓународната заедница дека договорот поминува, се обиде да ги прикрие сите криминални афери и преку брутална манипулација и кршење на законите и Уставот проба овој договор да помине кај граѓаните“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

И покрај сите закани, уцени, малтретирање на граѓаните и направените списоци договорот со Грција, не доби зелено светло, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение.

„Македонија вчера не гласаше само против договорот со Грција. Вчера се гласаше против криминалите на власта, наместените тендери, уништената економија, немањето проекти во здравството, во образованието. Македонија гласаше против бизнисите на Вице на Анѓушев, и за сите неостварени ветувања. Исто така, се гласаше и против криминалците кои ги пуштија на слобода токму пред референдумот“, се додава во партиското соопштение.

ЕУ и НАТО се стратешки приоритети за ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата и додаваат дека волјата на народот мора да се почитува.

Спонзорирано: