10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција „неутрализира“ 33 ПКК терористи

Најмалку 33 ПКК терористи беа „неутрализирани“ за време на анти-терористички операции во Турција изминатата недела, изјавија од Министерството за внатрешни работи.

Според изјавата на турското МВР, вооружените сили извршиле 2.425 копнени и воздушни операции во периодот помеѓу 17-24 септември.

Од министерството додаваат дека дваесетмина терористи биле убиени, деветмина заробени, а четворица своеволно се предале.

Безбедносните сили уапсиле 3.992 лица за криминални дејствија поврзани со дрога и шверц, а 67 лица биле уапсени за поддршка и учество во терористички организации.

Во операциите се запленети 12 рачни гранати, 392 килограми експлозивни хемикалии, седум импровизирани експлозиви, 19 пушки и 14.666 парчиња муниција.

Според соопштението, во акцијата уништени се 14 терористички бункери.

Меѓу арсеналот, запленети се 753.096 килограми дрога, 159.771 коренчиња канабис, како и 110.731 литри шверцано гориво.

ПКК веќе преку 30 години извршува терористички напади во Турција во кои загинаа преку 40.000 лица, вклучително и жени и деца.