11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силно невреме беснее во регионот

Најавениот студен бран стигна до Јадранското Море и Далмација. Во Подвелебитскиот канал бурата достигнува до 150 километри на час, а во сплитското подрачје и до 122 километра на час.

Бурата крши гранки и корне дрвја, пишува „Далмација денес“. Taка, невремето искорна цело дрво во Каштел Шучурац, а искорнати дрвjа има и на Марјан во Сплит.

Силните ветришта предизвикаа огромни количини прашина во Каштелите и во разни делови од Сплит. Пожарникарите во Сплит се максимално ангажирани.

Поради ураганските ветрови и облаците што се формираат со грмежи, настанаа проблеми во воздушниот сообраќај. На веб-страницата на аеродромот во Сплит е наведено дека летовите доцнат. Проблеми има и во поморскиот сообраќај.