Полицаец во СВР Струмица М.Р (30) управувајки мотоцикал со бугарски таблици, учествувал во сообраќајна незгода, во која полесно бил повреден малолетник. По сообраќајката, што се случила на 5 август годинава, полицаецоот избегал од местото на насреќа.
„Цариникот В.Р.(54) вработен во Царинска испостава Ново Село и татко на полицаецот, ја искористил службената положба и со цел да не го одземат мотоциклот, кој бил во сопственост на третопријавениот В.Т. (31) од селото Куклиш, со фалсификувани документи за царинење на моторцикл, отпочнал постапка за царинење во име и за сметка на третопријавениот“, велат од СВР Струмица.
Против полицаецот е поднесена кривична пријава за загрозување на безбедноста во сообраќајот и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.