10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Детали за скопјанецот изрешетан со калашников – крвна одмазда во Ченто

Дваесетина минути по полноќ се случил инцидент во Ченто, кога било пукано со калашников, при што било рането младо момче.

Се работи за 22-годишниот Ј.Б. од селото Љуботен-скопско со повредa од огнено оружје. Имено Ј.Б. додека со возило „Мерцедес“ се движел по улицата “Алија Авдовиќ“ од страна на непознати лица било пукано кон возилото, при што истиот се здобил со прострелна рана во пределот на градниот кош.

Повредениот со друго возило бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“, а потоа во комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.