17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пирати киднапирале 12 членови на екипаж на брод во близина на Нигерија, меѓу нив има и Хрват

Пирати од Нигерија киднапирале 12 членови на швајцарски товарен брод, а меѓу киднапираните има и еден Хрват.

Товарниот брод бил нападнат во саботата. Покрај Хрватот биле киднапирани се и седум Филипинци, државјанин на Словенија, Украина, Романија, како и државјанин на Босна и Херцеговина, пренесуваат светските медиуми.
Светските агенции исто така објавија дека пиратите биле вооружени и напаѓале во близина на брегот на Нигерија, од 19 челнови на екипажот тие успеале да киднапираат само 12.

Портпаролот на бродската компанија со седиште во Женева соопшти дека напаѓачите уништиле многу голем дела од комуникациската опрема на бродот.

Компанијата во чија сопственост бил бродот веднаш формирала посебен тим, и тој веќе е упатен кон областа каде што бродот бил нападнат со цел да се овозможи што е можно побрзо ослободување на заложниците, соопштија од компанијата.