16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

До 2043 година дебелината ќе го надмине пушењето како причина за рак

Дебелината ќе го надмине пушењето како најголема причина за рак која може да се спречи кај жените во Велика Британија до 2043 година, според извештајот на британскиот Центар за истражување на ракот.

Во моментот 12 проценти од случаите на рак кај жените се поврзани со пушењето, а 7 проценти со дебелина и прекумерна телесна тежина.

Сепак, како што бројот на пушачи се намалува и се очекува раст на бројот на луѓето со прекумерна тежина, Центарот предвидува дека во следните 25 години тој однос ќе се промени.

Според пресметките на Центарот, 10 проценти од случаите на рак кај жените, што е околу 25.000 лица, може да се поврзани со пушењето, а девет отсто, околу 23.000 случаи, со дебелината.

Ако овој тренд продолжи, до 2043 година дебелината ќе предизвика повеќе случаи на рак отколку пушењето кај жените, пренесува Би-би-си.

Што се однесува до мажите, засега нема такви предвидувања бидејќи во моментот повеќе мажи се пушачи отколку жени.

Иако дебелината е сè поголем проблем кај мажите, се верува дека дебелината кај жените е почест предизвикувач на рак кај оваа популација.

Спонзорирано: