14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Апсења на скопскиот аеродром

Две лица со потекло од Република Албанија, синоќа биле приведени на скопскиот аеродром, информираат од МВР.

Имено, синоќа во 04.30 часот на граничен премин Аеродром „Скопје“ – Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“, задржани се лицата Т.А.(29) ,Т.Е.(27) од Република Албанија, а со нив биле и две деца на возраст од две и осум години. Лицата биле предадени на инспектори од Одделението за прекуграничен криминал Скопје за понатамошно постапка.