14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Цел регион плаче: Излегол да се напие вода, па загинал – Младен не го дочека ни 7. роденден

Малолетниот Младен Г. од селото Злот кај Бор, почина на лице место во сообраќајна несреќа која вчера се случила на патот Прокуплје-Мала Плана.

Неутешната мајка Санла низ солзи за српските медиуми открила дека Младен во октомври требало да наполни 7. години.

Санела е разведена од својот поранешен сопруг, со кој освен малиот Мласден имаат уште една 6-годишна ќерка.

Центарот за Социјални работи одредил децата да бидат кај Санела една недела, а една недела кај таткото, така што оваа недела Младен бил со својот татко.

До несреќа дошло откако малото дете одело со својот татко кон Прокуплје, а на една од блиските чешми излегол од автомобилот за да се напие вода и во тој момент на магистралниот пат го удрил автомобил. Лицето кое управувало со автомобилот е уапсено, а истрагата е во тек.