14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
архива/илустрација
МАКЕДОНИЈА

Бабата почина, дедото и детето се на Ургентен: Нови детали за сообраќајката во Ново Лисиче

Синоќа на булеварот Србија во скопската населба Ново Лисиче се случи тешка сообраќајка, кога комбе удри во три лица: мало дете, баба и дедо.

Како што информира порталот КУРИР, бабата, за жал, им подлегна на повредите и почина.

Детето е со тешки телесни повреди, потрес на мозок и скршена рака.

Дедото и детето беа пренесени во Ургентниот центар.

Возилото кое удрило во нив е со велешки регистарски таблички. Трите лица минувале на пешачки премин, кога биле прегазени од комбето кое најверојатно возело со огромна брзина.