14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
НАУКА

Научници: Во иднина ќе има помалку невремиња, но ќе бидат посилни и ќе се појавуваат таму каде што ги немало

Експертите предупредуваат дека поради климатските промени нема да има повеќе невремиња, но дека ќе бидат сепомоќни и ќе се појавуваат и таму каде што досега ги немало. Оваа сезона тропските бури веќе сега се посилни од минатогодишните, вели за „Дојче веле“ Тобијас Гајгер, научник во Потсдамскиот институт за истражување на клими.

„Активностите на една сезона не се мерат само по бројот на бури, кои стигнале до копното, туку колку енергии на тропски бури се вкупно генерирани над океанот“ вели тој.

„Веќе сега се генерирани повеќе енергии во северната хемисфера отколку во целата 2017 година“ додава Гајгер.

Клучно за Гајгер е тоа што очекуваат зголемување на бројот на ретки, но посебно силни тропски бури, кои, како што вели тој, навистина можат да бидат опасни.

Гајгер наглсува дека климатските промени ја зголемуваат температурата на морето, што е неопходен услов за тропска бура. Како што потсетува Гајгер, минатата година беше рекордна што се однесува на материјалните штети по сезоната урагани и изнесуваше 280 милијарди долари. Не сакаше да ја прогнозира штетата за оваа сезона која трае уште два месеци.

Според него, висината на материјалните штети се должи и на се поскапите и луксузни куќи кои луѓето ги градат и покрај предупредувањата од опасните невремиња. Како пример, тој ги наведе жителите на Северна Каролина, кои целосно ги игнорираат климатските промени и растот на нивото на морето.

„Таму се изведуваат градежни проекти на островите, кои во наредните децении би можеле често да бидат погодени од некакво невреме“ предупреди Гајгер.

Ураганот Флоренс и тајфунот Мангкут одзедоа десетици животи во САД и на Филипини.