14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Командантот на Националната гарда на Вермонт во Македонија

Висока воена делегација на националната гарда на сојузната држава на САД, Вермонт, предводена од Командантот на НГ на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј, од денеска до петок ќе оствари посета на Република Македонија.

Делегацијата од НГ на Вермонт за време на неколкудневниот престој, ќе оствари средби со својот домаќин, Началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, со Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, ќе го посетат Министерството за внатрешни работи и Центарот за управување со Кризи, ќе обиколат дел од единиците на АРМ, а ќе присуствуваат на завршната церемонија на безбедносниот форум во Охрид.

НГ на Вермонт е партнер на АРМ со кој досегашната воена соработка навлегува во својата 25-та година. Преку воената контакт програма се реализирани голем број на различни форми на обука и заеднички вежби кои помогнаа во голема мерка АРМ рамноправно со своите партнери да ги достигне стандардите на НАТО.