17.8 C
Скопје
22. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Прифатена програмата за изменување на програмата за потребите од специјалистички и супспецијалистички кадри

На редовната 88.а седница Владата ја прифати и програмата за изменување на програмата за потребите од специјалистички и супспецијалистички кадри согласно со мрежата на здравствени установи за 2018 година, информираат од Владата.

„Програмата е изготвена врз основа на податоците и консултациите со јавните здравствени установи во Република Македонија, кои потоа беа предмет на детална анализа за потребите од здравствениот кадар во сите јавни здравствени установи“, се наведува во соопштенеито.

Од Владата додаваат дека реализацијата на оваа програма за потребите од специјалистички и супспецијалистички кадар ќе овозможи обезбедување на потребниот број стручни кадри за нормално, квалитетно, ефикасно, континуирано, ефективно и рационално вршење на здравствените услуги во јавните здравствени установи.