15.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев го препозна Игор Југ во судницата

Премиерот Зоран Заев на прашање на судијката Добрила Кацарска, дали препознава некого од обвинетите, тој рече дека од сите присутни во судницата, препознава само едно лице.

„Можам со сигурност да потврдам само за едно лице. Тоа е Игор Југ“, рече Заев во неговото сведочење. Тој претходно посочи дека Југ на 27 април носел маичка на ХОС и имал брада.

Игор Југ, претходно, во прашање на Заев му рече на премиерот дека не е експерт по психологија да знае што се случува во главата на еден човек.

Во кривичниот суд од утрово трае маратонското рочиште со сослушување четворица сведоци.