18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Жената која родила дете во 72 година одговори на прашањето кое и вас ве интересира

Индијката Далјиндер Каур станала позната кога во 2016 година на 72 години го родила своето прво дете.

Таа и нејзиниот маж тогаш нагласувале дека нивниот живот конечно е целосен, а наскоро се дознало дека на вештачко оплодување се одлучиле поради наследството кое не можеле да го добијат како пар без деца.

Далјиндер пред новинарите признала дека и е тешко да биде мајка на 72 години, но нешто подоцна одговорила на прашањето кое сака да и го постави секоја личност која ќе слушне за нејзиниот случај.

Што ќе биде со детето кога двајцата ќе умрат?

Бидејќи се мали шансите да доживеат возрасни години на своето дете, многумина ги интересира што ќе биде со бебето кога двајцата ќе умрат.

„Многумина се грижат што ќе биде со бебето кога ќе умреме, но јас верувам во Бог. Тој е семоќен и ќе се погрижи за сè“, рекла Далјиндер.