12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Столтенберг во посета на Стајковци

Генералиот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска во 11:30 часот ќе го посети скопско Стајковци. Домаќин на настанот ќе биде градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски.

Како што е најавено, Столтенберг и Георгиевски на плоштадот спроти ООУ „Кирил и Мeтодиј” ќе имаат средба со граѓаните, по што ќе следува и нивно обраќање.

Столтенберг ќе ја посети и улицата 24 во Стајковци, која беше една од најпогодените од поплавата во 2016 година каде припадници на НАТО со своја механизација работеа на санирање на штетите. Предвидена е и средба со жителите кои живеат на оваа улица.