21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Столтенберг во дводневна посета на Македонија

Денеска и утре, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ќе биде во официјална посета на Република Македонија.

Генералниот секретар ќе слета вечерва на аеродромот во Скопје во 18.45 часот, а ќе го пречека министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Утре, вo својата агенда генералниот секретар има посета на Стајковци каде ќе има средба со градоначалникот на Гази Баба, по што заминува во касарната „Илинден“ каде ќе ги посети војниците и ќе присуствува на показна вежба како и вежба на припадниците на специјалните сили.

Потоа, Столтенберг заминува во Клубот на пратеници, каде ќе има работна средба со премиерот, Зоран Заев, по што ќе се одржи прес-конференција.