17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Украл погребно возило со мртовец внатре, па дивеел на патиштата (Фото)

Еден 40-годишен Мексиканец е приведен откако украл погребен автомобил со цел „малку да се повози“, иако во задниот дел на возилото се наоѓал ковчег со покојник.

Човекот, идентификуван како Анибал Саул во петокот вечерта забележал клучеви оставени во погребниот автомобил и посакал малку да се повози, пишуваат локалните медиуми.

Не е познато дали забележал дека во задниот дел на возилото се наоѓал ковчег со тело на починат осумдесетгодишник.

Полицијата во градчето Тлакепаке во државата Халиско е алармирана кратко по кражбата на автомобилот.

Велат дека не било тешко да се забележи погребно возило како брза на автопат. Анибал е во притвор, а случајот ќе биде предаден на локалното обвинителство.