24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мистериозно убиство на вработен во тајна служба

Еден припадник на Косовската разузнавачка агенција, вработен во бифе, беше убиен околу 9:10 часот изутрина во зградата на Косовската разузнавачка агенција во пукањето што го отвори припадник на обезбедувањето на зградата.

Оваа институција потврди дека убиството се случило, додека приштинските медиуми известуваат дека е убиен В.И. (40).

Косовската разузнавачка агенција истакна дека убиството нема никаква врска со активностите на агенцијата.

„Коха” вели дека еден осомничен бил уапсен, без наведување дали бил директен напаѓач. Апсењето го потврди обвинителот Ибрахим Бериша.