22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Фрлете го шареното педерче да го убиеме, сведочеше Богоевски

„Горе е шареното педерче, фрлете го доле него треба да го убиеме” извикувале дел од луѓето кои упаднаа во Собранието на 27 април, сведочеше пратеникот Павле Богоевски.

Видно вознемирен, Богоевски во судницата раскажуваше како насилниците се качиле во галеријата каде што бил тој заедно со десетина други колеги.

„За 5 минути откако влегоа, дел од толпата се качи горе. Откако сфативме дека нападот е неизбежен, колегите пратеници се заклучија во кабините за превод, а јас останав сам. Се обидов да ги спречам да влезат или барем да ја намалам тензичноста. За едно лице подоцна дознав дека е вработен во Општина Аеродром, тој ми рече: Каде ќе бегаш шарено педерче, сега те фативме?“ рече Богоевски.

Тој во детали раскажуваше како се обидувал да ја држи вратата затворена, но толпата ја турнала и ја откорнала од шарките, а тој застанал како жив штит меѓу напаѓачите и кабината каде што биле заклучени пратеничките.

„Ги раширив рацете и стоев како бариера. Не се сеќавам колку пати ме удрија и каде сè ме удираа по телото. Знам дека беа повеќе од петмина, се менуваа цело време, а јас ги молев да се смират, но не се смирија. За среќа, имав само полесни физички повреди, гребаници, модринки, но имам други последици по моето психичко и физичко здравје. Имам оштетување на белите дробови од чадот од димните бомби и трауми карактеристични за настан од таков тип“, додаде Богоевски.

Богоевски сведочеше последен, по речиси 12 часа откако почна денешното судско рочиште каде се обвинети 33. Следната расправа е на 6 септември.

Спонзорирано: