30.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: илустрација/pixabay
МАКЕДОНИЈА

Апесење во Струга – полицијата му стави лисици на рацете на Д.Л.

На 29.08.2018 година на Граничниот премин„Ќафасан“ на влез во Р.Македонија бил лишен од слобода Д.Л.(41) од Р.Албанија, затоа што за истиот имало распишана меѓународна потерница од Интерпол-Виена, со цел екстрадиција во Австрија за сторено кривично дело – “вооружен грабеж“.

Истиот бил изнесен пред Основното јавно обвинителство Струга и предаден на Основниот Суд Струга, каде на 30.08.2018 година му била одредена мерка екстрадиционен притвор во траење од 30 дена, по што е предаден во Казнено поправната установа “Затвор Охрид“.