Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Супер вест за наставниците: Голем скок на платите

Владата на денешната редовна седница донесе одлука за зголемување на платите на вработените во основно и во средно образование за 5%, почнувајќи од исплатата на септемвриската плата годинава.

За покачувањето на платите во основно образование, за четвртиот квартал од 2018-тата година, Министерството за образование и наука ќе издвои 99 милиони денари, додека за покачувањето на платите во средно образование, вкупно 40 милиони денари.

За реализација на предвиденото покачување на платите Министерството за образование и наука ќе потпише спогодби со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија. Со Спогодбите се утврдуваат најниската плата за најнискиот степен на сложеност на вработените во основните училишта која ќе изнесува 12.714 денари и најниската плата за најнискиот степен на сложеност на вработените во средните училишта која ќе изнесува 13.117 денари.

Математиката вели дека оние со најниски примања ќе добијат покачување за околу 600 денари, додека еден наставник со плата околу просекот од 24.000 денари ќе добие покачување за 1.200 денари.

Спонзорирано: