14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Во 3 часот по полноќ Стефан пронајде изненадување пред својата врата

Фаворитот за новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, пејачот Стефан Величковски во 3 часот по полноќ на прагот пред својата врата пронашол изненадување од кое ќе ви се стопи срцето.

Имено, станува збор за креативно изработени букви кои го составуваат зборот љубов во црвена боја и до нив уште неколку преслатки срценца со различен дизајн и боја. На пејачот ова слатко изненадување многу му се допаднало, па одлучил да го сподели со своите пријатели и фанови на социјалните мрежи.

Величковски во изминатите месеци максимално се посвети на својата музичка кариера, но и на својот физички изглед. Тој од неодамна тренира заедно со фитнес тренерот Сергио Спасов, за кој често вели дека е најдобар, со цел пред почетокот на новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ да го доведе своето тело до совршенство.