17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Требало да одат на веселба, ги нашле во локви крв – детали за тројното убиство во Дебар

Тројното убиство кое се случи во Дебар ја потресе цела македонска јавност, а ваков случај не се памети. Мајка, татко и нивната 14-годишна ќерка беа убиени на спиење во својот дом.

– Утрото во 9 часот требаше да дојдат на веселба, но не се појавија, а не одговараа ниту на телефонските повици по што роднини отидоа во нивната куќа која беше заклучена. Тогаш, забележавме дека еден од прозорите е отворен и кога влеговме внатре затекнавме две мртви тела во спалната соба и уште едно во детската соба. – изјави Муарем Поцеста роднина на починатите за Охридњуз.

Велат тие биле многу мирни луѓе и не знаат како дошло до трагедијата.

Засега нема осомничени за крвавиот настан кој ја потресе цела Македонија.