17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Познат идентитетот на загинатиот во страшната сообраќајка

Педесет и едногодишен прилепчанец загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера во 11 и 20 часот на патот Градско – Прилеп во близина на бензинската пумпа „Лукоил“.

Според информациите на МВР, во несреќата учествувале камион „даф“ со приколка, со радовишки регистерски таблици, а управувано од Ј.П.(26) од Радовиш и автомобил „фиат фиорина“ со прилепски регистерски таблици, управувано од П.Т.(51) од Прилеп.

Oд здобиените повреди на самото место починал возачот П.Т.. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција и се работи на целосно расчистување на случајот.