20.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Силното невреме почна да прави проблеми низ Македонија – поплавени куќи и подруми, пожарникарите на терен

Силното невреме кое започна во Македонија веќе почна да прави проблеми.

Според информациите невремето во Кавадаречко веќе предизвика и штети.

Во селото Возарци поплавени се куќи и подреми, а на терен се екипи на противпожарните единици кои помагаат во испумпување на водата.

Невремето ги преплаши жителите на овие краишта и поради тоа што се во ек на берба на грозјето, бидејќи дождовите можат да го уништат квалитетот на продуктот.