23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Моторот почнал чудно да работи па се шокирала кога ја отворила хаубата (Видео)

Додека го возела својот теренец, една возачка во Висконсин забележала дека моторот чудно работи па запрела и, откако ја отворила хаубата, забележала голем питон, долг 1,2 метра.

Тоа, секако, ја ужаснало па повикала полиција да ја тргне змијата.

Полицајците потоа се обиделе да ја извадат змијата, а потоа се обратиле во централа од каде пронашле стручњак за змии кој ја извадил змијата на безбедно.