Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вечерва СДСМ откри детали за тоа што побарал Мицковски околу фомрирањето на ДИК

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски го условуваа формирањето на Државната изборна комисија со барањето да се донесе закон за финансирање на партиите со пари од Буџетот.

Зошто тогаш Мицкоски не се откажа од буџетски пари?

Дополнително, ВМРО ДПМНЕ со условувањето на ДИК го доведоа во прашање и распишувањето на референдумот, реагира СДСМ.

– Мицкоски нека не глуми загриженост туку да каже јасен став за референдумот.
Владата предводена од СДСМ има обезбедено средства за реконтрукција и изградба на нови училишта. Меѓу нив е и гимназијата Кирил Пејчиновиќ во Тетово која ВМРО ДПМНЕ ја заборави 11 години.

Владата и надлежното министерство преземаат мерки со цел да се испочитуваат договорените цени за откуп на грозјето, откупот да биде навремен и целосен, со што навистина се вреднува трудот на лозарите.
На Мицкоки и на ВМРО-ДПМНЕ не им е грижа ниту за лозарите, ниту за учениците. Она што навистина ги загрижува е тоа што Македонија од изолирана и урнисана држава, денес станува демократска држава којашто јасно чекори кон ЕУ и НАТО и тоа е препознаено од целиот демократски свет.

Толку ли ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успехот на Македонија па затоа е единствениот политички субјект што нема став за референдумот на 30 септември, стои во соопштението.

Спонзорирано: